Магазин

Како да го продолжите „животот“ на омилениот парфем

Како да го продолжите „животот“ на омилениот парфем

Промената на бојата и непријатниот мирис се знак дека на вашиот парфем му „одѕвонило“.

За да се продолжи векот на омилениот мирис, творците на парфеми препорачуваат неколку совети.

Чувајте ги парфемите во темни и студени простории

Изложеноста на топлина и влага, влијае на промена на мирисот и својствата на парфемот и ги уништува неговите состојки, како што се етеричните масла.

Творците на парфеми веруваат дека бањата всушност не е добро место за чување на парфем. Како идеално место, ги наведуваат фрижидерот или шкафот, односо простор кој не е топол и е темен.

Температурата од околу 5 степени Целзиусови се покажала како идеална за чување на парфемите.

Не го оставајте парфемот често отворен

Ова е важен чекор за зачувување на мирисот и може да има многу негативни последици. Кога шишенцето со парфем е предолго отворено и така изложено на воздух, мирисот брзо ќе оксидира и ќе почне да прима непријатни ноти.

Чувајте го парфемот во оригиналното шишенце, бидејќи како што велат производителите, пренесувањето на течноста во друго шишенце доведува до непотребна изложеност на парфемот на воздух што може да го забрза уништувањето на мирисот.

Земете ги предвид промените на парфемот

Општо зборувајќи мирисите со тек на времето стануваат потемни и почнуваат да попримаат чуден мирис. Ако се држите до овие едноставни правила, творците на парфеми веруваат дека мирисите ќе го продолжат векот за две до три години.

Творците на парфеми исто така откриваат колкав е векот на некои видови на парфеми.

Цитрусните мириси не можат да се пофалат со долг животен век, пред се поради високиот процент на масло на цитрус кое е почувствително.

Ориенталните мириси траат подолго, но во тек на одредено време можат да доживеат дисколорација поради слатката нота на ванила.

Цветните и дрвенестите мириси по природа се погруби и со самото тоа и подолготрајни.