Како да го скриете целулитот само за неколку минути?

Ако сакате да облечете кратки пантолони или здолниште а ве мачи целулитот што се гледа на вашите нозе постојат барем три испробани инстант решенија за привремено прикривање на целулитот.

  1. Лак за коса

На кожата зафатена со целулит испрскајте лак за коса мошне силен зацврстувач. Застанете право и мирно и почекајте лакот за коса во целост да се исуши. Би требало да почувствувате како кожата ви се затегнува. Целулитот ќе се гледа помалку и затоа што сјајот на лакот ќе ја прекршува светлината што исто така визуелно ќе ги скрие видливите дупчиња.  Со лак за коса можете да ја зацврстите и лабавата кожа на горниот дел од рацете.

  1. Средство за потемнување на кожата

Целулитот најмногу се гледа на посветла кожа. Колку кожата е потемна толку помалку се гледа целулитот. Поради тоа и кремите и спрејовите за потемнување на кожата се добри прекривачи на целулитот, само внимавајте, само внимавајте нијансата да не биде премногу темна, односно да не е потемна од остатокот на телото.

  1. Студен туш

Студената вода ја затегнува кожата. Туширајте го делот од телото што е зафатен со целулит со колку можете постудена вода барем пет минути и целулитот привремено ќе исчезне.