четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Како да го спасите мобилниот телефон ако падне во вода

Ако ви се случи да го намокрите вашиот мобилен телефон, еве неколку корисни совети како да го спасите...

mokar-mobilen

Поврзани вести

Ако ви се случи да го намокрите вашиот мобилен телефон, еве неколку корисни совети како да го спасите…

За почеток, немојте да паничите. Иако можеби ви звучи глупаво, но телефонот треба веднаш да го извадите од вода, да го избришете, а потоа затоа што секоја секунда е важна треба да реагирате веднаш…

  1. Исклучете го телефонот

Можеби телефонот ќе ви се изгаси сам, но ако тоа не се случи, тогаш исклучете го сами и извадете ја батеријата (ако тоа е возможно, затоа што некои телефони не поддржуваат вадење на батеријата).

  1. Извадете ги сим и мемориската картичка

Ставете го телефонот во вакум кеса. На овој начин можете да ја извлечете водата што останала во отворите и во ситните подрачја до кои тешко се доаѓа. Ставете го телефонот во пластична кеса и исшмукајте го воздухот, и на тој начин ќе направите вакум ефект. На тој начин би требало да се извлече течноста од внатрешноста на телефонот.

  1. Ставете го во чинија со ориз

Не тоа не е мит! Сушењето на телефоност со шамивче не е решение затоа што неможе да допре до сите делови, а потребно ви е нешто што апсорбира влага, како например сиров ориз. Ставете го телефонот и сите негови делови во чинија со ориз и оставете го да отстои два дена. Можете да користите и кесички со силиконски топчиња, што обично ги има во кутии за чевли и во некои други производи.

  1. По два дена – вклучете го телефонот

Мошне е важно да не го вклучувате телефонот два дена додека стои во чинијата со ориз, затоа што ако и најмал дел остане мокар, сите ваши напори ќе бидат залудни.

Најчитани вести