Како да ја доведете жената до оргазам?

Најголемите тајни на сексот- Како до заеднички оргазам?
Најголемите тајни на сексот- Како до заеднички оргазам?

Општо познато е дека мажите полесно доживуваат оргазам од жените. Всушност дури 91 отсто од мажите успеваат да доживеат оргазам, додека таа „среќа“ ја имаат само 64 отсто од жените.

Занимливо е и тоа што мажите велат дека нивните партнерки го доживуваат врвот во 85 отсто од случаите, што значи само едно – дека глумат оргазам.

Истражувањето во кое учествувале 1.931 испитаници на возраст од 19 до 59 години во кое тие морале да кажат кој вид секс ги носи до оргазам, донело шокантни резултати.

На општо изненадување, дури 94 отсто од жените рекле дека доживуваат оргазам за време на анален секс. Исто така, треба да се земе во предвид и дека луѓето што сакаат да пробаат анален секс се мошне веројатно порелаксирани, па се смета дека и побрзо доживуваат оргазам.

Оралниот секс е на второ место, затоа што 80 отсто жени велат дека така им е најлесно за да стасаат до врвот. Само 65 отсто тврдат дека тоа им успева за време на вагинален секс, а со заедничка мастурбација на 63 отсто.