Магазин

Како да ја избегнете новогодишната депресија

Како да ја избегнете новогодишната депресија

Највеселиот период од годината за некои луѓе претставува најлош период. Околу Нова Годна голем број луѓе запаѓаат во депресија. Сите имаат големи очекувања кога ќе дојдат празниците, но финансиските проблеми, големиот број обврски или недостатокот на партнер може да го расипе расположението. Сепак, постои решение за тоа како во Новата година да влезете весели и задоволни!

Смислете како на себе да си удоволите за време на паразниците – само исчекувањето на некоја убава масажа може да направи да се чувствувате подобро.

Избегнувајте конфликти со семејството – да, тоа воглавно е тешко, особено кога некоја тетка 17.пат ве прашува кога ќе се омажите, или кога родителите ве учат како да ги воспитувате своите деца…Но, смирете се и на се давајте неутрални одговори. Подоцна викнете го најдобриот пријател и пожалете му се…

Заборавете на совршените празници на филмовите – Украсувањето, подготвувањето на оброкот, потрагата по совршени подароци…Посетете некое прифатилиште за бездомници. Ќе видите дека постојат многу добри работи во вашиот живот.

Закажете си малку сон – Во својата гужва и хаос, веројатно сте заборавиле да отспиете осум часа…Одвојте време за дремка, понекогаш депресијата се појавува поради ненаспаност.

Излезете на сонце – често се чувствувате уморно, нерасположено поради недостаток на сончева светлина.

Фокусирајте се на она што е навистина битно – Празниците не би смееле да се вртат околу парите, но финансиските проблеми прават да заборавиме на тоа. Ако немате пари, да купиувате, договорете се со пријателите и семејството оваа година подароците да бидат рачно изработени. На Интернет сигурно ќе најдете нешто што можете да го направите, а нема да чини многу.

Не претерувајте со храната и пијалокот – знаеме колку е тешко да се контролирате, но неизбежното чувство на вина кога ќе се прејадете ќини да бидете незадоволни со себе и ја „храни“ депресијата.