Како да ја изберете вистинската рамка за очила?

Веќе избравте квалитетни стакла за очила, но сеуште не сте сигурни каква рамка да изберете? Освен обликот на лицето, според стилистите кога го бирате моделот треба да внимавате и на бојата на тенот и на косата, а истото правило важи и за очилата за сонце.

  • Најважно е да пробате колку можете повеќе рамки, затоа што така ќе го стекнете најдобриот впечаток.
  • Рамката несмее да доминира со лицето, ниту да ве прави многу повозрасни или посериозни. Ако добро ви стојат ведри бои, изберете рамка во киви зелена боја, морнарско сина или портокалова.
  • Водете сметка за тоа рамката да не ве стега, ниту пак да ви биде премногу широка, затоа што вачите очила се вашите втори очи и би требало да „се стопат“ со лицето, така што практично нема да ги чувствувате.