Како да ја повикате среќата на новогодишната ноќ?

Искрени желби, ветувања, очекувања…традиционал на новогодишната ноќ  си посакува среќа, здравје, љубов и успех. Но, среќата ја повикуваме на повеќе начини. Некои чудни, некои смешни, но сепак сите ги спојува надежта за подобро утре.

Техниките за повикување среќа во годината која доаѓа се разликуваат од земја во земја.

Во Аргентина, уверени се дека до љубов во наредните 12 месеци може да се дојде со носење на нова розова долна облека во новогодишната ноќ.

Зошто токму розова, кога по тоа е позната црвената, никој не знае. Доколку ви е сепак потребна финансиска поддршка во следните 365 дена , долната облека мора да биде жолта.

Исто така, за да ја започнете годината „на десна нога“ точно во полноќ направете чекор, секако со десна нога.

Бразилци се убедени дека ќе ги избркаат злите духови доколку носат бело. А, за да се осигураат доволно количество среќа неоходно е да се прескокнат седум бранови.

Ако посакувате напредок во Шпанија ќе ви кажат дека задолжително со секое отчукување на часовникот во полноќ треба да изедете по едно зрно грозје.

Не се знае колку Руси се придржуваат до правилата дека до пред изминувањето на првата минута од толку чеканата нова година, треба да се испие чаша шампањ, во која има пепел од хартија на која сте ги испишале желбите, а потоа сте ја запалите.

На Нов Зеланд можете да тропате во тенџериња  и лонци колку што сакате. Што повеќе има врева, тоа е поголема шансата среќата да дојде.

Во Шкотска на почетокот на годината се брза кај соседите или пријателите, затоа што оној кој прв ќе мине преку нечиј праг, тој нема да ја симне насмевката од лицето.

Колумбијците кои сакаат годината да им биде исполнета со патувања, во новогодишната ноќ ќе излезат на улица со празни кофери и ќе ги провозат по околината.

Во Чиле, дури и ако не сакате леќа, не смеете да се жалите. Ако сакате работа и пари морате да изедете лажица полна со леќа.

И на заборавјте, најсреќни ќе бидете во кругот на саканите пријатели.

Среќни празници!!!