сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Како да ја спречите појава на херпес?

Основно правило за заштита од сите вирусни инфекции е обидот да се избегнува изворот без разлика дали се работи за пиење од иста чаша од која пиела и личноста која има херпес, за бакнеж или користење на ист пешкир по туширање.

herpes

Последни вести

Херпесот на усните е многу непријатна појава. Освен тоа што ни создава естетски проблем и тешко може да се сокрие, тој долго трае, пецка и чеша.

Вирусот на херпесот е карактристичен по тоа што кога еднаш ќе навлезе во нашиот организам тешко можеме да го излекуваме во потполност. Со одредена терапија, крема и други медицински препарати само го доведуваме во состојба на мирување и во зависност од нашиот имунолошки систем неговата повторна појава е неизбежна.

Најчести причинители на херпесот се стресот, исцрпеноста на организмот, грипот, како и други вирусни инфекции кои го погодуваат нашиот организам за време на ладните зимски денови. Не треба да се заборави дека појавата на херпес за време на летото не е ретка појава, бидејќи високите температури и силното сонце можат да доведат до побуна на вирусот на херпесот и негова појава на кожата.

Појавата на херпес е проследена со мали пликчиња исполнети со течност кои можат да чешаат, пецкаат или болат. Пликовите по некое време пукаат, преминуваат во краста, а кога таа созрева отпаѓа и не остава лузна.

Основно правило за заштита од сите вирусни инфекции е обидот да се избегнува изворот без разлика дали се работи за пиење од иста чаша од која пиела и личноста која има херпес, за бакнеж или користење на ист пешкир по туширање.

Херпесот не може да исчезне за два дена доколку веќе се појавил на кожата. Важно е на време да се препознаат симптомите. Постојат разни препарати за лекување на херпесот, но ви советуваме да пробате со коцка мраз. Доколку почуствувате чешање, пецкање или црвенило, земете коцка мраз и ставете ја во таа регија. Со тоа ќе ја спречите појавата на херпес.

Најчитани вести