Секс

Како да ја задржиш?

Како да ја задржиш?

Го имаш нејзиното внимание, твоја е. Се заљубуваш во неа и ги чувствуваш промените.

Знаеш дека одлучува, токму во овој момент, одлучува дали ќе продолжи да ја наводнува оваа градина или ќе продолжи понатаму.

Знаеш дека наскоро ќе ти каже што одлучила, бидејќи таква е. Искрена.

Прашањето кое ти се врти низ глава: Како да ја задржам?

Ако си Вистинскиот – одговорот е едноставен. Ако не си, тогаш што сакаш можеш да направиш, одговорот нема да го промениш.

Направи го твојот личен развој, твој приоритет

Таа е единствена личност, а и ти. Таа нема да биде твојата подобра половина или четвртина или третина… Таа има потреба од некој кој работел на себе, кој е стабилен, сигурен. Некој кој се соочил со детските болки, сеќавања. И затоа што си работел на себе, тоа значи дека имаш сочувство за неа.

Разбери дека емоционалната интимност е важна колку и физичката

Не ме сфаќај погрешно. Таа сака да ја допираш. Често. Да ја гушкаш, бакнуваш, масираш, во куната, пред врата, во автомобилот, секаде. Да ја држиш за рака. Да ѝ пријдеш одзади кога најмалку очекуваш, да ги ставиш рацете околу неа и нежно да ѝ го бакнуваш вратот.

Но, исто толку важно е и да го споделиш твојот живот со неа. Долгите разговори за време на вечерата или додека шетате низ паркот… Вашите животи треба да бидат сплотени, онака како што се и вашите тела. Да и покажеш дека не се грижиш само за нејзината кожа. Да и дадеш до знаење дека е посакувана.

Прифати ја онаква каква што е

Прифати ја во сите нејзини форми, онаква каква што е, длабоко во себе. Не се обидувај да ја промениш, но нежно помогни и да расте и созрева заедно со тебе. Таа ќе биде спонтана, но истовремено и ќе ги планира сите можни последици.

Ќе балансира меѓу практичното и нерационалното. Понекогаш точно ќе знае што сака, а понекогаш ти ќе бидеш тој кој треба да ја донесе одлуката.

Не се бунтувај, биди со неа. Истото ќе го направи и таа за тебе.

Биди отворен

Ако сакаш да направите нешто заедно кажи и. Тоа не мора да значи дека ќе се согласи со тебе. Кажи и како се чувствуваш. Биди асертивен. Но, не и пасивно агресивен – никој нема време за тоа.

Не мораш да бидеш нежен со неа, не е порцеланска кукла. Потребна и е транспарентност…

Па, ако сакаш да ја задржиш запрашај се:

Дали личниот развој ми е приоритет?

Дали можам да работам на физичкото и емоционалното?

Дали навистина ми се допаѓа онаква каква што е?

Дали навистина ја познавам?