Како да направите природен освежувач за воздух

Фрлете ги отровните спрејови, направете природен освежувач за воздух, што не само што ќе и’ подари на просторијата арома на хармонија и удобност, туку ќе дејствува благотворно и на вашето здравје.

Овој природен освежувач не само што е природен и корисен освежувач на воздух туку и модерен елемент на ентериерот.

За неговата подготовка ќе ви биде потребна помал стаклен сад, бамбус стапчиња или обични стапчиња за ражничи, растително масло (сончогледово, маслиново) и вашето омилено етерично масло.

Подготовка:

Ставете мало количество масло во стаклениот сад, додадете неколку капки етерично масло, а количината зависи од индивидуалната осетливост на мириси.

На бамбус стапчињата отсечете им ги острите краеви и малку сплеснете ги (така што ќе добиете изглед на четкичка) па ставете ги во стаклената тегличка со „четкичките“ надолу така што течноста подобро ќе се впива.

Интензитетот на мирисот ќе зависи од количеството на стапчињата – колку повеќе стапчиња, толку посилен мирис.

Можете да направите неколку такви ароматични теглички со различни ароми за секоја просторија во домот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.