Како да не е доволно моќно напаѓачкото трио на Барса – им се приклучува и Лавеци

Соиграчите од аргентинската репрезентација ќе станат и клупски колеги ?

Станува збор за аргентинскиот репрезентативец и добар пријател на Лионел Меси, Езекиел Лавеци.

Искусниот фудбалер има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но сака да си замине во јануари бидејќи е резерва во тимот на Лоран Блан.

Барселона, наводно, има договор со Лавеци, но Луис Енрике ја запрел операцијата бидејќи сака да види дали има и други опции.

Ако Енрике одобри, Лавеци ќе пристигне на “Камп Ноу” за само пет милиони евра што е одлично за Барселона, а Аргентинецот ќе потпише договор на 2,5 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.