Како да подготвите домашен органски јаболков оцет?

Сигурно веќе знаете колку јаболковиот оцет е здрав и колку позитивни ефекти има врз организмот.

Тој најмногу се користи при готвењето, но и како лек за разни болести. Еве како да подготвите домашен органски јаболков оцет.

Потребни ви се неколку органски јаболка измиени и изрендани. Исто така можете да ги исечете на ситни парчиња или да ги ставите во блендер и да ги сомелете.

Вода и малку шеќер. Ако користите кисели јаболка, додадете 1% шеќер во однос на вкупното количество јаболка. Шеќерот е потребен за ферментација и него воопшто ќе го нема во финалниот производ.

Голема стаклена или пластична тегла.

Газа.

Подготовка:

Изрендајте ги јаболката и ставете ги во стаклена или во пластична тегла. Додадете малку шеќер и налејте ги со вода. Теглата покриете ја со газа и оставете да стои на температура од околу 20 степени целзиусови.

По 7- 10 дена ќе почне да се чувствува мирис на оцет во собата каде што го чувате. Мирисот е многу јак и затоа не би требало да го чувате во кујна или на некое друго место каде што престојувате. Затоа е најдобро да го чувате во подрум или во остава.

По еден месец можете да пробате дали ви одговара киселоста на оцетот. Доколку ви е доволно јако, процедете ја смесата и претурете го оцетот во чисти и стерилизирани шишиња.