Како да препознаете кои бои за јајца се отровни?

Боите за јајца за Велигден би требало да се купуваат само на места кои се проверени, бидејќи многу често состојките и хемикалиите кои ги имаат може да бидат дури и отровни, па неопходно е да знаеме каква фарба купуваме за најголемиот празник, бидејќи од тоа зависи нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.

За купувачот да биде сигурен дека купил прехрамбена, а не техничка боја која се користи за фарбање ѕидови, на декларацијата мора да биде отпечатена декларација од 100 до 180.

Прехрамбените бои се пречистени и затоа и чинат поскапо.  Иако имаат ист состав со техничките, сепак постои една разлика. Техничките бои имаат микрокомпоненти со тешки метали затоа што не се преработени, а тие пак се штетни за здравјето.

Ознаката Е од 100 до 180 значи дека бојата е исправна и здрава. Тоа значи дека продавачот гарантира за квалитетот на бојата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.