Како да препознаете силиконски гради

Многу жени се соочуваат со проблемот на рамни гради. Според статистиката на Американското друштво на пластични хирурзи, повеќе од 290.000 жени во САД имале некаков вид на интервенција на градите во 2013 година. Тоа значи дека постојат многу силиконски „близначки“ кои ќе ни привлечат внимание.

Норман Рув, познат пластичен хирург од Њујорк ни помага да ги откриеме „лажните“ гради.

Тие се преблиску

Голем дел од градите имаат раздел меѓу 5 и 7 сантѕиметри, но имплантите можат да ја намалат таа разлика. Кога ќе се вградат силикони, во голем дел од случаите градите се подигнати, приближени една од друга.

Превисоко поставени

Вообичаено е градите да се наоѓаат во рамна пазува, но лошиот хируршки зафат може да ги помести повеќе. Тоа е очигледно кога ќе се соблечете.

Личат на дињи

Природните гради имаат облик на бисери или капки, но ако изгледаат како големи, округли дињи тоа е најверодостоен доказ дека се лажни. Затоа што, за разлика од обичните гради, имплантите ги пополнуваат од врвот до дното и создаваат совршен округол облик.

Лузните можат лесно да се сокријат

Пластичните хирурзи користат четири точки на градите за да вметнат импланти. Најголемиот број на интервенции се врши на врвот на градата или под пазувата. Доколку девојката со „лажни“ гради носи блуза на прерамки и ги подигне рацете, може да се примети лузна во должина од 5 сантиметри.

Слушате ли нешто необично?

Можеби немате супер моќи, но верувајте ни – ќе бидете во состојба да слушнете дека нешто во нејзиното деколте не е вообичаено. Жените со гради од селин наместо силикон произведуваат звук како шкрипење кога градите се поместуваат во прилика на движење. Кога селинот нема да ги исполни градите до крај се створа воздушен џеп кој станува звучен.