Како да престанете да ги апсорбирате туѓите негативни емоции?

Како да престанете да ги апсорбирате туѓите негативни емоции? Лошото расположение и песимизмот се „заразни“. Како да научите да им се спротивставите? Емоциите, особено стресот, гневот, разочарувањето, шокот – тоа се енергии. И вие можете да ја „фатите“ таа негативна енергија што ја емитуваат другите луѓе, а дури не сте ни свесни за тоа.

Сите луѓе се емотивни сунѓери, но степенот на „впивање“ е различен кај сите. Некои можат слободно да пливаат во куп и маса од негативност, без да чувствуваат многу непријатност. А кај некои овие фрустрации може да доведат и до самоубиство. Она за што говориме се вика емпатија.

Некои луѓе со своите напади на паника не „заразуваат“ ни го уништуваат животот, а вие никогаш за тоа сериозно не сте размислиле.

Од енергетската точка на гледиштата, негативните емоции може да ги имаат следните последици:

Можете да ја почувствувате туѓата болка како своја.

„Општите“ проблеми стануваат ваши лични проблеми.

Во овие случаи, емпатијата, особено во комбинација со немоќта може да биде причина за сериозна депресија. Еве неколку совети како да го сопрете апсорбирањето на емоциите на другите луѓе:

  1. Одредeте колку силно врз вас влијае емпатијата

Еве неколку типични знаци дека сте емпатична личност.

-Луѓето ве викаат „хиперсензитивна личност“ или „премногу чувствителна“. Тие не знаат дека ова не е комплимент и дека не е решение.

-Го чувствувате стравот, неспокојството и стресот што ви ги пренесуваат другите луѓе. Вие буквално физички ги чувствувате.

Сама по себе таа способност не е лоша, но морате да го минимизирате влијанието на другите луѓе што не ви се допаѓаат или ги познавате. Разговарајте само со пријателите, колегите и членовите на семејството.

-Мошне брзо се заморувате кога сте помеѓу толпа луѓе. Само по неколку часа вечерна забава вие се чувствувате исцрпено, несреќно и истрошено.

-Шумовите, постојаниот непријатен мирис и неопходноста од постојани разговори, сериозно ги подриваат вашите нерви.

-За да се наполните со енергија, мора да бидете во состојба на потполен одмор.

-Постојано размислувате за тоа што го проживувате.

Обидете се да го сфатите било кое искуство, да ја анализирате секоја ситуација до најситните детали. Лесно може да ги повредат вашите чувства, но вие избегнувате конфликти.

-Вие сте „великодушен“ соговорник и добар слушател.

-Вие постојано се трудите некаде нешто да поврзете или нешто да однесете.

-Интимата понекогаш може да ве уплаши толку многу што ќе чувствувате напад на гушење и губење на самиот себе си.

  1. Побарајте го изворот на неспокојството (повеќе за ова на следната страна)