Како да се хидрирате, а да не пиете вода

Иако голем број експерти советуваат дека секој човек треба да пие по осум чаши вода дневно, постојат луѓе кои едноставно не се во состојба да испијат толкава количина.

Можеби ви звучи чудно, но голем број луѓе навистина не сакаат да пијат обична вода и единствено ја пијат кога се жедни, а во текот на денот едноставно не им паѓа на ум да се напијат.

За среќа постојат неколку начини да останете хидрирани, да не пиете чиста вода, но и да не внесете вишок на калории.

Јадете ја водата

Ако во текот на денот јадете многу овошје и зеленчук, тогаш не треба премногу да се грижите поради пиењето вода бидејќи вие на некој начин ја јадете . Студија објавена пред три години открила дека овошјето и зеленчукот значајно можат да ја подобрат хидратацијата на организмот, дури и ако не сте некој љубител на вода.

Газирана вода

Да ја подобрите хидратацијата без обична вода можете да пиете газирана вода, која обично не содржи калории. Најголем мит во врска со газираната вода е што се верува дека го одзема калциумот од коските – ова не е точно.

Ароматизирана вода

Овде не мислиме на флаширана вода со различен вкус, туку на онаа која ќе ја направите сами, бидејќи тоа не е тешко. Се што треба да направите е во бокал со вода да го ставите исечкано омиленото овошје, да додадете малку ментол или босилек. Измешајте ја смесата и отавете да отстои во фрижидер.