Како да се насмеете кога не ви е до смеење?

Некогаш, едноставно „не ни е денот“, па забораваме колку е важна и лековита насмевката. Истражувањата покажуваат дека насмевката не штити од многу болести, го продолжува животот и дека е најсилно оружје против стресот.

Затоа експертите советуваат дека, кога ви е тешко, треба да се обидете да се смеете 20 секунди, затоа што тоа е доволно за позитивните ефекти да стигнат до мозокот.

За да ги развлечере усните и кога не ви е до насмевка, тие предлагаат да го направите следното:

-Легнете, пуштете ја музиката што ја сакате, препуштете се на пријатните звуци и обидете се да ги ослободите меислите. Кога телото и главата ќе се опуштат, насмевката автоматски ќе блесне на вашето лице…

-Само една коцка од омилената чоколада ќе ви измами насмевка, дури и кога не сте голем љубител на чоколада, а кога ќе ја изедете повикајте некој близок што „зрачи“ со позитивна енергија.

-Ако имате партнер, немојте да го бркате кога не сте расположени, туку кавгата и тензијата ублажете ја со секс. По ова сигурно ќе имате причина за насмевка.

-Студиите покажуваат дека љубезноста го поправа расположението и дека се лековите дури и „обичните“ зборови како: добар ден, повелете, благодарам, како сте, што правите…