Како да се релаксирате и одморите по напорниот работен ден?

Кога работиме повеќе работи истовремено се чувствуваме како никогаш нема да стигнеме да ги завршиме. Секој ден правете си список на завршени работи. Колку и да се мали и неважни, сепак се завршени.

Смислете некој вид на ритуал кога влегувате дома, мозокот ќе се навикне на тоа и ќе „знае“ дека тогаш почнува времето за одмор.

Многу од нас истовремено гледаат телевизија, гледаат во телефонот, а некогаш и во екранот од компјутерот. Ова го стимулира мозокот да прави повеќе активности во исто време и потешко му е да се одмара.

Најдете време да бидете сами. Кога живеете со некој е поверојатно да бидете повеќе под стрес.

Обидете се првите 10 минути од кога ќе влезете дома да бидете сами.

Најдете некоја активност која ве исполнува. Можете да седите пред телевизорот и да не правите ништо, но сепак да не се одмарате. Можете да правите многу активности и вежби во удобноста на вашиот дом.

Дури и готвењето може да ве релаксира и исполни.