Како да се решите од негативните мисли?

Ако нешто ве оптоварува, ве притиска, неможете да се смирите, еве решение како тоа да го надминете.

Зошто опсесивните мисли се присилни, односно зошто се јавуваат спротивно од нашата волја?

Овие мисли се јавуваат спротивно од вашата волја, затоа што вие упорно се обидувате да ги тргнете, да ги елиминирате или да ги отстраните. Тоа не е возможно затоа што во вас трае внатрешната борба што е прилично исцрпувачка, вели доктор Владмир Машиќ за српски „Курир“.

Зошто опсесивните мисли упорно истрајуваат?

Оспесивните (присилни) мисли истрајуваат: затоа што немате дистанца во однос на нив – ги сфаќате буквално здраво за готово, како апсолутни вистини а не како симптом на анксиозност, затоа што постојано се занимавате со нив – постојано ги анализирате, се вдлабочувате во нив, се обидувате да ги контролирате, ги оспорувате или настојувате активно да ги избегнувате затоа што се борите со стравот (го потиснувате стравот) – не си дозволувате себе си да го почувствувате стравот или некоја друга емоција што ја потиснувате.

Како да се ослободите од опсесивните мисли?

Единствен начин…