Како да се решите од негативните мисли?

Единствен начин да го сторите тоа е да направите дистанца кон нив, да престанете да се занивате со нив и да престанете да го потиснувате стравот. Најтежок е првиот чекор, односно правењето дистанца.

Немојте да сметате дека опсесивните мисли ќе исчезнат за еден ден или два, затоа то тоа нема да се случи. Нема да исчезнат толку брзо затоа што вие сте инвестирале многу време и енергија за да им се спротивставите. Сега треба да научите да применувате нешто спротивно на тоа. За тоа треба време и практикување во пракса. Бидете упорни, применувајте ги техниките и ќе успеете.

Едноставна техника за контрола на опсесивни мисли

Еве една едноставна техника со помош на која што ќе можете да ги контролирате опсесивните мисли.

Кога ќе ви се јави некоја опсесивна мисла, користете ја вашата имагинација и замислете дека таа мисла има некој облик, боја, тежина, дека зазема некој простор пред вас. Не е важно што ќе замислите, важно е таа мисла да ја материјализирате во вашата фантазија и да замислите дека таа стои пред вас.

Додека ја посматрате таа мисла дозволете си себе си да ја почуствувате емоцијата што ја следи таа мисла. Најчесто тоа е страв. Почуствувајте го стравот и немојте да му се спротиставувате. Немојте да го анализирате и да настојувате да го разберете. Само почуствувајте го најсилно што можете во сегашниот миг.

Продолжете да ја набљудувате таа мисла и истовремено со тоа насочете го целото ваше внимание на вашиот тил. „Гледајте“ во мислата а вниманието насочете го на тилот од главата.

Продолжете да гледате во таа мисла и сега замислете дека го насочувате вниманието на просторот зад таа мисла. Сега повторно помислете на мислата од почетокот и дозволете си себе си да почуствувате што и да чуствувате. Ако стравот исчезнал тој процес се завршува. Ако не си заминал, иако и понатаму чувствувате набој што се појавува со таа мисла, применете ги истите чекори уште еднаш, се додека набојот не се испразни сосема.