Како да се спасите од прекумерното потење?

Потењето е природен процес, чија основна функција е да го лади телото. Повеќето луѓе потат кога се физички активни, кога се наоѓаат во топла средина или кога се нервозни, вознемирени или под стрес.

Стресот е најчестата причина за појава на хиперхидроза. Кофеинот и никотинот во поголеми количества исто така го зголемуваат потењето.

Но, има и луѓе кои што потат многу повеќе од нормалното без некоја особена причина. Во вториот случај станува збор за прекумерно потење или хиперхидроза.

Најчесто потта се појавува на дланките на рацете, на стапалата и под пазувите.

Тешко е да се каже колкава количина пот е нормално да лачи телото, затоа што тоа зависи од потребите. Кај некои луѓе може да се лачи помалку од половина литар пот, а кај други и до неколку литри дневно.

Ако вежбате или сте физички активни кога времето е топло, нормално е потите повеќе. Но, ако се потите додека седите мирно и смирено, тогаш најверојатно страдате од прекумерно потење.

Првиот Центар против стареење во Македонија „Промоиталија“, нуди ефикасни третмани против овој проблем со Вotulinum A инјекции кои се вбризгнуваат на зафатеното подрачје.

Botulinum- от ги блокира нервите кои одат до потните жлезди, превенирајќи го нивното лачење.
Дејството е 6-12 месеци, а потоа телото повторно ги регенерира нервните завршетоци, па процедурата би требало да се повтори за посакуваниот ефект повторно.