Како да се справите со монотонијата во сексот

Бракот без секс се дефинира како однос во кој доаѓа до секс помалку од десет пати годишно. Но, рутинскиот секс е повеќе од тоа. Она што е рутинско е тоа што двојката не чувствува возбудување и страст. Сепак на поединците тоа им одговара.

Доколку имате чувство дека најчесто имате секс само за да имате, тоа значи дека и вие сте влегле во вртлогот на монотонијата.

Луѓето создаваат навика, затоа оваа ситуација не е толку трагична. Многумина на сексот гледаат како на работа, на задача што треба да се заврши. Двојките што истражуваат и испробуваат нови работи, поретко доаѓаат во состојба на сексуална монотонија.

Разговарајте со партнерот

Не е лесно да разговарате за сексот, дури ни со личноста со која сте во врска. Сепак, ако сакате да се вратите на почетокот  кога се беше постраствено, тогаш мора да поразговарате. Изразете ги вашите фантазии и желби. Бидете искрени. Кажете дека би сакале да ги отворите вратите за нови сексуални доживувања.

Сослушајте се меѓу себе

Немојте да ја префрлате вината врз партнерот. Наместо тоа соработувајте, бидете тим и заедно поправете го она што е неопходно. Сепак, еден од двајцата секогаш е многу повеќе фрустриран, запомнете го тоа.

Флертувајте

По разговорите, тргнете со мали чекори. Освежете ја врската со флертување. Голем број работи се попречуваат помеѓу мажот и жената, затоа е важно да го вратите стариот сјај. Давајте комплименти, испратете безобразна СМС порака или фотографија.

Креативноста е добредојдена

Креативноста не доаѓа сама, морате да ја повикате. Инспирирајте се исклучиво потпирајќи се на своите сетила. Запалете миризливи свеќи или намачкајте се со лосион за тело со егзотичен мирис. Пробајте масло за масажа или купете нова, секси облека. Потрудете се да ги надразните сите сетила на партнерот.

Пробајте нешто ново

Немојте да се срамите да испробате играчки за возрасни. Сите сакаме да се играме. Одете и заедно изберете играчки, што ќе ве возбуди и ќе ве стимулира.

Направете добра атмосфера

Морате да се потрудите за да направите секси атмосфера. Масажа, романтична вечера или заедничко туширање. Договорете секси вечер и нека секоја страна подготви безобразно изненадување за другиот.

Нека трае предиграта

Поголемиот дел од нас размисла само за оргазмот, а тоа може да го однесе нашиот сексуален живот наназад. Сексот е двонасочна забава и уживање. Немојте да мислите само на себе.