Како да се заштитите од високите температури?

Денеска метеоролизите најавуваат многу топло време со температура до 40 степени. Иако, немавме многу вакви денови во текот на ова лето, не е лошо да се потсетиме на препораките:

1. Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.
3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.
4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
5. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
6. Хроничните болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, потребно е почитување на следните препораки:

– задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.
-Термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.
-Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

Од Управата потсетуваат дека граѓаните имаат можност да добијат здравствен совет, во однос на почитување на препораките за заштита од високи температури и информации од превентивен карактер на мобилните едукативно-здравствени пунктови поставените во сите градови во државата, при што на територијата на град Скопје се поставени три мобилни пунктови, од кои еден се наоѓа на пешачката патека кај реката Вардар и по два мобилни пункта се распоредени во сите скопски општини.