Како да се заштитите од вирусот Зика?

Панамериканската здравствена организација соопшти дека случаите заразени со вирусот зика се регистрирани во 26 земји на американските континенти.

Во САД додега немало пренос на вирусот преку комарци, но некои заразени Американци се вратиле во земјата од државите на Јужна и Централна Америка, од Карибите и пацифичките острови. Во Тексас беше регистриран првиот случај на зараза преку сексуален чин.

Зика е вирус кој се пренсува преку Aedes комарци, кои исто така ги пренесуваат болестите Денга и Чикунгуња. Симптомите вообичаено започнуваат 2-7 дена по убодот од комарец, а 1 од 4 лица со Зика инфекција ќе развие симптоми на болеста, информира Институтот за јавно здравје.

Многу мал број на лица може да имаат компликации по заболувањето со Зика вирус. Најчести симптоми на Зика болест се блага треска, главоболка, болка во зглобови и мускули, коњуктивитис и исип по кожата.

Заштитете се од убоди од комарци кои пренесуваат Зика

Заштитете се од убоди од комарци кои пренесуваат Зика
Заштитете се од убоди од комарци кои пренесуваат Зика

За да ги отстраните местата за размножување на комарците:

Најмалку еднаш неделно: испразнете, исчистете, превртете, покријте, или фрлете ги предметите кои може да задржуваат вода (автомобилски гуми, кофи, саксии и др.) како надвор, така и во домот.

Користете мрежи против комарци на вратите и прозорците во просториите каде престојувате. Отстранувањето на местата за размножување на Aedes комарците, ја намалува можноста за пренесување на Зика, Чикунгуња и Денга.

Покријте ја кожата користејќи облека со долги ракави и ногавици, носете капа. Користете репеленти за инсекти кои се препорачани од здравствените авторитети. Спијте во кревети кои се заштитени со мрежи против комарци. Се уште не постои вакцина, или специфичен лек против овој вирус.

Може да се даваат лекови за ублажување на симптомите. Ако симптомите се влошат, или се појават компликации, веднаш побарајте лекарска помош.