Како да „скоцкате“ мал стан?

Малите станови не мора да делуваат пренатрупано, покажуваат бројни примери на декоратвни „ремек дела“ во градовите. Добар дизајнер на ентериер ќе го искористи секој сантиметар од просторот, за да го направи минијатурниот стан функционален и стилизиран. Најбитна е идејата, а типичен пример е стан од 35 квадрати (една соба, кујна и бања).

Во единствената дневна соба направени се две посебни целини. Едниот дел е визуелно издвоен со скалила и платформа и тука е сместен брачен кревет. Наместо ѕид, оставено е стакло, кое ја одделува спалната од дневната соба, така што и делот за спиење има дневна ветлина. На стаклената преграда може да ја прилепите гарнитурата за седење, работната маса, ниска ТВ комода…

Ѕидовите би требало да бидат снежно бели, за просторот да делува поголем, а мебелот во живописни бои.

 

Во тесната кујна монтирајте мала бела трпезариска маса и светли кујнски елементи. Заборавете на теписи, завеси и ткаенини кои го „загушуваат“ просторот, а и чистењето на подот со тоа се олеснува.

Во бањата поставете туш кабина која зазема помалку место од када, а плочките да бидат во две бои (најдобро беж и светло кафеаво) бидејќи визуелно го зголмуваат просторот.

30-2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.