Секс

Како да станете магнет за мажи

Како да станете магнет за мажи

На некои жени лесно им оди од рака да го привлечат вниманието на мажите и да ги принудат веднаш да се вљубат во нив до уши, додека за другите оваа работи оди нешто потешко. Сепак, секоја дама би требало да размисли за својот начин на заведување додека не го најде идеалниот начин за привлекување на посакуваниот маж.

Многумина тврдат дека клучот на успехот е покажување незаинтересираност. Во тоа има вистина, но при таква игра треба да внимавате на тоа со кој си имате работа и во која доза можете да ја применувате оваа тактика.

Ryan-Gosling-and-Emma-Stone-in-Crazy-Stupid-Love
Ако го познавате добро малку глумење недостапноста ќе ви донесе големи резултати

Доколку на состанок одите со некој кој не го познавате, претераната незаинтересираност единствено може да остави погрешен впечаток, односно да го убедите мажот дека вам нималку не ви се допаѓа и дека тој нема што да бара од вас. Значи, тактиката нема да го даде посакуваниот резултат, туку ќе ја убие секој шанса да бидете заедно.

Меѓутоа, доколку оваа игра ја примените на некој кој го познавате извесно време, дали е тоа колега од работа или сосед со кој веќе долго време се „мувате“, би можеле добро да профитирате така што уште повеќе ќе го привлечете кон себе и ќе го принудите да се бори за вас како лав.

Втората тактика која можете да ја примените е тактиката на пристапност и шармантност. Според истражувањето на доктор Џереми Николсон, еден од најценетите автори во магазинот „Психолоџи Тудеј“ се покажало дека лицата кои а првиот состанок биле шармантни и фини всушност оставиле подобар впечаток на партнерот, но не и на долга стаза.

Од друга страна, оние кои биле непристапни и недопирливи, биле помалку симпатични, но сепак разбудиле силни интересирање кај другата страна.

Tips-For-The-First-Date
Фините девојка оставаат добар впечаток, но, само за кратко

Сепак, докторот Николсон напоменува дека и во едниот и во другиот слуачј станува збор за психилошки игри кои доколку продолжат во врската може да произведат однос кој што не е здрав и функционален. Затоа Џереми советува дека во машко-женските односи бидете свои и однесувајте се онака како што инаку се однесувате бидејќи тоа е единствен начин во врската да остварите долгорочна среќа.