Магазин

Како да влијаете на хормоните?

Како да влијаете на хормоните?

Еве како да ги активирате хормоните одговорни за поквалитетен живот, за добро расположение, убав изглед и мирен сон.

Расположение и душевно здравје

Серотонин – Хормонот за добро расположение е пресуден за душевната состојба. Ако мозокот произведува премногу малку сератонин, тогаш потпаѓаме во депресивни состојби. И затоа, кога ќе дојдат деновите со повеќе сонце, задолжително треба да се изложувате колку е можно повеќе на сончева светлина. И смејте се – докажано е дека и само малото кревање на усните во насмевка го крева нивото на серотонин во крвта.

Исто така не треба да заборавите ниту на храната. Една коцка чоколада ќе делува терапевтски, но само моментално. Претерувањето со слатката храна би можело да има целосно спротивен ефект. ОСвен прошетките, што секогаш се добар избор на активност, добро ќе ви дојде и јогата, особено техниките на дишење што се во склоп на јогата. Вдишете длабоко и издишете. Кога вдишувате стомакот туркајате го нанадвор, а кога издишувате силно истиснувајте го воздухот од носот и вовлечете го стомакот. Активното дишење, како ова, ја активира внатрешната енергија и го подобрува расположението. Важен е првиотр дневен оброк. За добро расположение наутро појадувајте зобени снегулки, банана и ореви.

Метаболизам и сон

Т3 и Т4 хормоните на Тироидната жлезда го регулираат чувството на глад и телесната тежина, расположението и потребата за сон и тоа во соработка со хипофизата. Таа преку производството на TSH испраќа сигнал и на тироидната жлезда за производство на хормонот тријодитирон (Т3) и тироксин (Т4), кои што во зависност од нивото во крвта или го поттикнуваат или го забавуваат метаболизмот.

Што можете да направите сами за тој процес да тече без никакви проблеми? За почеток, конзумирајте производи што се богати со јод. На тироидната жлезда и’ е потребен тој елемент, а го има во рибата, спаначот, алгите, морската сол…

Внимавајте, преголемото количество кофеин дополнително ја намалува активноста на кофеинот. Затоа подобро е повремено да испиете зелен чај, затоа што содржи антиоксиданси што го чуваат здравјето на тироидната жлезда.

Љубовен живот

Окситоцин. Дејството на овој хормон е разновидно. Тој го продлабочува чувството на поврзаноста со другите луѓе, ве прави верни, отпорни на стрес и задоволни. Големи количества на овој хормон се лачат за време на породувањето и доењето, но и кога ќе ве прегрне некоја пријателка. Познато е дека окситоцинот го преплавува телото и за време на сексот. Немате партнер? Допирот на сопственото тело кога се мачкате со лосион по тушиерање или за време на масажа ќе го зајакне позитивното чувство кон сопственото тело и кон себе си.

Имунитет и телесна тежина

Кортизол. Кој денес не е под стрес? Но, ако сте константно преоптоварени или ако постојано ве измачуваат грижи, вашите хормони, оние што во повремените стресни ситуации го штитат телото поткревајќи ја неговата подготвеност на реакција, сега помалку се вртат против вас. Проблемот е во тоа што состојбата на напната приправност станува правило, а не исклучок. Тогаш ниту нивото на кортизол долго време не опаѓа и на тој начин му штети на телото. Можни последици се заслабнат имунитет, пораст на телесната тежина, послаби нерви, пореметување на сонот како и зголемен ризик од развој на дијабетес.

Дадете му на вашиот ендрокрин систем доволно сон, а ако пред спиење ве измачуваат разни мисли, слушајте аудио снимки од звуци на море, потоци или пеење на птици. Звуците од природата ќе ве опуштат и ќе ви помогнат побрзо да заспиете. ИЗберете некоја физичка активност што ќе ве смири.

Обнова на кожата и согорување на маснотиите

Соматотропин. Ова е хормонот за раст што во текот на ноќта го произведува хипофизата. НЕговата улога е важна за жените затоа што тој го поттикнува обновувањето на кожата, но и согорувањето на маснотиите. Ако сакате да го поттикнете во неговата задача, прескокнете ја доцната вечера – по 18 часот е забрането да се јаде. Така нивото на шеќери во крвта ќе се намали, што ќе ја поттикне хипофизата на лачење поголеми количества соматотропин. Алтернатива може да биде и избегнувањето на јагленхидрати по 18 часот.

Ако сакате без многу одрекувања да дејствувате против ситните брчки на очите и на лицето, морате во вашиот живот да внесете здрави промени. Покрај движење и опуштање, важно е и да јадете урамнотежено и во прехраната да вклучите многу овошје, зеленчук, млечни производи од обрано млеко, здрави маснотии (кокос, авокадо, лосос, ленено семе) и ферментирани продукти (кефир или кисела зелка).