Магазин

Како да внесете во организмот повеќе магнезиум?

Како да внесете во организмот повеќе магнезиум?

Многу луѓе не внесуваат доволни количини на магнезиум во организмот, па голема е веројатноста дека со текот на времето ќе се појави недостаток на магнезиум.

Дневната препорачана доза за жените не треба да надминува 320mg, но не смее да биде помала од 240mg, за мажите бројката се движи од 240mg до 420mg.

Магнезиумот можете да го добиете преку додатоци во исхраната, но можете и преку некои домашни препарати.


Сол за купка

Ова внесување не се одвива преку прехраната, но може да ви помогне посебно ако страдате од несоница. Наполнете топла вода и додадете сол за капење. Лежете и релаксирајте се.


Темно зелени листови

Спанаќот и кељот се одлични производи кои се полни со влакна, антиоксиданси, витамини, а и минерали како што е магнезиумот.


Јаткасти плодови

Семките од тиква, оревите, бразилските ореви, бадемите и ф’стаците се добар извор на магнезиум, па ќе ви го подобрат расположението не само поради количините на магнезиум, туку и поради тоа што содржат важни протеини и масти.


Овес

Една шолја овесна каша содржи 61mg магнезиум, а ако на овој појадок додадете и малку јаткасти плодови веројатно веќе сте ја внеле потребната количина на магнезиум во организмот.


Банани

Наједноставен начин да внесете повеќе магнезиум во организмот е да консумирате банани. Една банана содржи 32mg магнезиум.


Темно чоколадо

Чоколадото покрај тоа што е богато со антиоксиданси, содржи и поголеми количини на магнезиум.