сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 22

Како да заведете искусна жена?

Немојте да си играте детски игри со неа – ако сте кажале дека ќе и’ се јавите, тогаш сторете го тоа.

zena-u-krevetu-1428000099-56396

Поврзани вести

Нема маж што во некој момент од својата младост не фантазирал за авантура со повозрасна жена. Врската на мажот со некоја жена што е повозрасна неколку години, па и децении веќе не е табу. Ако ви се допаѓаат поискусни дами еве неколку трикови со помош на кои сигурно ќе ги освоите. Немојте да си играте детски игри со неа.

Треба да бидете свои и да не глумите за да ја импресионирате. Неа најверојатно ја привлекува вашата младост, спонтаност, отвореност, па затоа немојте да се трудите да ја импресионирате со вашиот памет и со мудроста. Сето тоа таа веќе го видела и го слушнала, затоа задржете го свежиот, речиси наивен поглед на светот.

Тоа не значи дека треба да бидете несигурни, затоа што без разлика на тоа колку години има, жената посакува самоуверен партнер што знае колку вреди и не се плаши да го изрази сопствениот став. Одлучноста во комбинација со младоста целосно ќе ја разоружа. Но, треба да внимавате да не претерате. Ако не знаете ништо за некоја одредена тема, немојте да се впуштате во расправа.

Запомнете, таа запознала веќе доволно луѓе за да знае да ја раздвои лажната од вистинската самодоверба. Исто така, немојте да и’ ласкате, но комплиментите се важни и пожелни.

Немојте да си играте детски игри со неа – ако сте кажале дека ќе и’ се јавите, тогаш сторете го тоа. Ако чекате неколку дена за да ја натерате да ве исчекува, ќе завршите во корпата за „отпадоци“, затоа што таа знае што сака, а тоа сигуно не е да губи време со некое детиште.

Најчитани вести