Како до совршено налакирани нокти

За ноктите да ви бидат совршено налакирани, треба да го направите следното:

Во сад со вода ставете лепак за нокти и вода и добро промешајте. Земете тенка четка и натопете ја во смесата па премачкајте ја кожичката околу ноктот. Кога ќе се исушу смесата, налакирајте ги ноктите до самиот раб. Исушениот лепак создава проѕирен филм што лесно ќе го излупите и ќе го отстраните со пинцета, а лакот нема да ја премине кожичката.

За постојана боја

lak-2

Ноктите прво премачкајте ги со бел, непроѕирен лак за нокти. Кога ќе се исуши нанесете ја саканата боја која на тој начин ќе биде многу поинтензивна и нема да се проѕира, па дури и ако намачкате само еден слој.

Брзо сушење

maslo-sandalovo-drvo-1

По лакирањето, на секој прст капнете по малку масло, така што ќе го прекриете ноктот. За неколку секунди лакот ќе се исуши. Маслото (сончогледово, маслиново) можете да го втриете во кожичката и да ја потхраните.