Секс

Како домот ви го уништува сексуалниот живот?

Како домот ви го уништува сексуалниот живот?

Можеби дома ви е најубаво, но домот може да го саботира љубовниот живот. Се испостави дека она што ви е под кревет, во купатило или гардерорбер може да влијае на нашето либидо.Еве кои се печките:

Несреден кревет

Ако креветот и просторот околу него е несреден полн со хартија, валкани алишта и други непотребни работи нема да ви биде пријатно да водите љубов на  него. Затоа одржувајте го креветот чист.

Семејни фотографии во спалната соба

Секако дека ги сакате родителите, браќата, сестрите но помислата дека тие „гледаат“ додека вие имате сек, може да биде непријатна. Во спалната соба држете фотографии од себе и својот партнер.

Премногу технологија

Исфрлете ја целата технологија од вашето љубовно гнездо. Таму нема место за нив, а за се останато местото е надвор од собата.

Подароци од поранешните

Ако чувате некој подарок од своите поранешни партнери, на некој начин го одржувате стариот пламен.Не дозволувајте да ви се мотаат по глава, оставете ги подароците каде што нема да ги сретнувате често.

Валкано купатило

Многу грди работи можат да се најдат во купатило ако не се внимава.

Големината на креветот

Голем душек е во ред, но не треба да биде преголем за да ја одржувате блискоста.

Хаос во фиоката каде што се секси помагалата

Ќе се изнервирате ако среде секс не можете да најдете некое сексуално помагало. Играчките за возрасни треба да бидат на одредени место на кое лесно можете да ги најдете и дофатите. Но истовреме треба да бидат недостапни за туѓи очи.

Јако осветлување

Ако не сакате да имате секс во мрак  осветлете ја собата благо. Направете романтична атмосфера.

Работи под кревет

Според Фенг шуи просторот под кревет треба да биде чист. Ако веќе мора да држите работи, тоа нека биде нешто што е врзано за креветот перници, постелнина и ќебиња.

Соба која не е секси

Дали некогаш сте се запрашале зашто ви е убаво да водите љубов во хотел. Тоа е затоа што собите се организирани имаат убава постелнина меки перници и нема ништо што ви го одвлекува вниманието. Претворете ја спалната соба во место за љубов и секс и направете ја што поудобна.