Спорт

Како ЕХФ ја виде големата победа на Македонија против Словенија (ВИДЕО)

Како ЕХФ ја виде големата победа на Македонија против Словенија (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација вчера стигна до голема победа против секогаш незгодниот противник Словенија.

Како и селекторот Раул Гонзалез, така и ракометарите кажаа дека оваа победа е голема, но повикаа на смирени глави и да нема летање, туку да се оди чекор по чекор, а мислите во моментов да бидат само на наредниот противник со кој играме утре, а тоа е селекцијата на Црна Гора, меч кој исто така е многу важен и потребна е победа.

Македонските ракометари вчера покажаа желба и пожртвуваност за победа и во еден трилер натпревар беа подобри од Словенците кои по медиумите најавуваа дека Македонија ќе биде лесен залак за нив.

Еве како ЕХФ ја виде победата на Македонија: