Како Фрчковски ја манипулира македонската јавност за спорот со името?

Професорот Љубомир Фрчковски повторно преку својата најнова колумна со наслов „До балчак и понатаму“, објавена пред неколу дена, се обидува да ја манипулира и замајува јавноста.

Тој, во својата колумна тврди дека никогаш до сега во преговарачкиот процес за името, не станувало збор и не бил доведен во прашање идентитетот на нацијата.

Но, тоа не е така како што тврди тој.

Фрчковски уште во 2005 гоидна признава и говори и за името на нацијата и за името на јазикот кој го говориме. Во неговите тогашни изјави, тој недвосмислено се обидува да го оправда непостоењето на терминот „македонски“ во името на нацијата и чудните и неразбирливи  термини за името на јазикот.

Неговите изјави јасно потврдуваат дека уште во 2005 -та година станува збор и за идентитетот и за јазикот, а не како што денеска Фрчковски тврди.

Доказ дека уште во 2005 година, наспроти неговите сегашни тврдења, станувало збор за идентитетот, претставуаат неговите ставови изнесени во врска со тогашниот предлог на медијаторот Метју Нимиц. Фрчковски за предлогот на Нимиц тогаш велеше дека, „не можат ОН да го обезличат нашиот национален идентитет со тоа што предлагаат “граѓани на РМ” место Македонци, откако веќе го признаваат името на државата“.

Уште еден силен доказ дека тоа не е така како што тврди Фрчковски во својата колумна, претставува и неговиот став во однос на јазикот. Тој уште во 2005 година бил свесен дека тогаш и македонскиот јазик бил доведен во прашање.

Во 2005 година, тој се осврнува и на јазикот и вели, „ако имаме македонски јазик, логично е да имаме и Македонска православна црква, нагласувајќи дека она што го бара Нимиц од двете земји е демонополизација на терминот Македонија како име за територија, во смисла дека никој не може да им забрани на другите да го употребуваат, па во таа смисла ќе има ’македонско вино’, ’македонски производи’ и слични нешта со тој атрибут“.

Но за истата работа, за демонополизација за употребата на терминот Македонија, Фрчковски, само неколку години подоцна, во интервју за „Дневник“ го тврди сосема спротивното. Тој во 2008-та година тврди дека демонополизацијта е катастрофа за Мк, што е комплетно спротивно на тоа што за истата тема го тврдел во 2005-тата година. Еве што за „Дневник“ во 2008 кажал:

Ниту една од државите самата по себе нема да може да има ексклузивни права, политички или економски, врз името ‘Македонија’ или ‘Македонски’“. Тоа значи дека ние не можеме да користиме термин македонски народ, македонска нација, македонски јазик во отслик на нашиот идентитет. Тоа е најкатастрофалната точка.

Да бидат манипулациите на Фрчковски уште потрагични, тој во 2010 година, за А1 телевизија дава изјава со која што навлегува во дефиницјата за македонскиот јазик, со што уште тогаш потврдува дека и тој самиот дискутирал и давал предлози што го тангираат идентитетот односно јазикот. За А1 тој вели:

Би можеле да прифатиме Македонски не само на латиница, туку и кирилица, кој што е нашиот оригинален јазик, тоа неможете да го одбиете.

Дополнтелно, нејасно е, ако навистина не станувало збор за идентитетот на нацијата, као тогаш Фрчковски и Црвенковски го прифатија предлогот на Нимиц, во делот за националноста да го нема терминот „macedonian“? Нејасно е зошто ако тогаш не бил доведен во прашање идентитетот, грчките политичари секоја година упорно се обидуваат да го избришат терминот „macedonian“ од извештајот на Европската Комисија?

Сите овие непобитни факти се доказ дека уште во 2005-тата година, наспроти сегашните тврдења на Фрчковски, станувало збор и за идентитетот на нашата нација, но и за македонскиот јазик.

Очигледна е дволичноста која што Фрчковски ја покажува во изминатиов период.

Оттука, ваквите континуирани обиди за манипулација на јавноста од страна на професорот Љуборми Фрчковски, македонската јавност оддамна ги има препознаено и никако да му поминат, бидејќи граѓаните многу добро го паметат неговото минато.