Како функционира спрегата за кодошење во функција на СДСМ и СОРОС?

Деталната анализа на најновиот извештај на Фридом Хаус јасно објаснува како функционира спрегата за кодошење на сопствената земја во функција на СДСМ и СОРОС.

Напишаниот извештај всушност е мислење на авторот на истиот, а во овој случај станува збор за новинарката Љубица Гроздановска Димишковска. Токму авторката на извештајот на Фридом Хаус, Гроздановска Димишковска е новинар во проопозицискиот Фокус, пишува порталот „Курир“

fokus-500

Во самиот извештај забележително е дека истиот, односно оценките се градат врз основа на текстот и референците кои ги користи авторот за даденото мислење. Во референците под извештајот во најголем дел се наведени невладини организации финансирани од СОРОС кои се во Република Македонија, како и критички текстови на опозициски медиуми, но и текстови на новинарите Борјан Јовановски и Мери Јордановска кои честопати се поврзувани со СДСМ и Фондацијата Отворено Општество, како и текстови на Гордана Дувњак која пак е дел од управата на Фондацијата Отворено Општество- Македонија (ФООМ)-СОРОС.

avtor-500

fus-500

fus1-500

Во однос на точките (корупција и слобода на медиумите) каде според извештајот е забележан пад од 0,25 проценти, користени се текстови како поткрепа на мислењето на авторот од НВО блиски до СДСМ, но и од новинари блиски до опозицијата.

На пример, во делот за корупцијата користен е текст на поранешниот новинар од А1 Телевизија Сеад Ризвановиќ во кој тезата се потрошените средства во висина од пола милијарда евра за проектот Скопје 2014, а каде во прилогот се консултирани СДСМ и СОРОС. Како дополнение за овој дел користен е и извештај од Транспаренси Интернешл на Слаѓана Тасева која неколку пати досега директно беше поврзана со СДСМ, но и извештај директно финансиран од Фондацијата Отворено Општество-Македонија.

fus2-500

Што се однесува за слободата на медиумите, констатацијата на авторката Љубица Гроздановска Димишковска е дека Законот за медиуми е донесен на нетранспарентен начин и дека голем број невладини организации, инаку финансирани од СОРОС, реагирале на постапката за донесување на законот.

Авторката, најверојатно заборавила во својот текст да напише и дека истиот Закон беше донесен по претходни јавни дебати, консултации во Европската комисија, како и дека за истиот специјалниот известувач на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ изјави дека е одличен.

По ова, станува јасно дека ваквите извештаи им одат во прилог на СДСМ и СОРОС, бидејќи истите се нивна нарачка за сметка на обид за оцрнување на сопствената земја на меѓународен план.

Дополнително, дури и на официјалниот сајт на Фридом Хаус е објавено дека основните средства за програмите доаѓаат во форма на грантови од приватни фондации, меѓу кои и Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос.