Како ги оцени ОБСЕ изборите во 2004 година, кои за СДСМ беа фер и демократски

Полнење на кутии, групно гласање, тензии, заплашување, вишок на имиња во Единствениот избирачки список се критериумите за фер и демократски избори според СДСМ. До овој заклучок може да се дојде доколку се разгледаат извештаите на ОБСЕ/ОДИХР од претседателските избори во 2004 година и десет години подоцна, односно во 2014 година.
Според извештајот во 2004, претседателските избори се оценети како лошо спроведени избори. Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР наведоа бројни неправилности на денот на изборите, како групно гласање, полнење на гласачки кутии и заплашување, кое било поочигледно во вториот круг на гласањето.

Во извештајот се наведува дека тензиите и неправлностите што се случувале во текот на вториот круг биле поттикнати од условот дека е потребно повеќе од половина од гласачите да излезат и да го дадат својот глас, за изборите да можат да се сметаат за успешни. Вишокот на имиња во Единствениот избирачки список, создаде загриженост дека е можно да се направи изборен фалсификат.

Во текот на вториот изборен круг, набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР известуваа за релативно голем број на случаи каде постоеле докази за полнење на кутии, како и постоење на идентични потписи на Гласачкиот список. ОБСЕ/ОДИХР известија и за високиот процент на случаи на заплашување на гласачите околу избирачките места во одредени области.
Процесот на пребројување на гласовите во вториот круг, според извештајот од 2004 година, е оценет како мошне лош во 21 отсто од набљудуваните гласачки места, а додека пак во останатите генерално лош.

Според ОБСЕ/ОДИХР, ДИК со пребрзото отфрлање на приговорите за нерегуларностите ја испушти шансата да испрати силна порака дека нема да се толерираат изборните неправилности.

Во извештајот од 2014 година, за претседателските избори, ОБСЕ/ОДИХР ја виде Македонија во едно поинакво светло за разлика од пред една деценија. Според новиот извештај, генералната оценка е дека изборниот ден беше спроведен на непречен и професионален начин со само неколку технички нерегуларности.

Според извештајот, избирачките одбори демонстрирале добро познавање на процедурата за гласање, а кандидатите имале можност непречено да ја водат изборната кампања.

Од сето изнесено може да се заклучи дека за опозицијата колку се поголеми неправилностите при спроведувањето на изборите, толку тие за нив се пофер и подемократски. Според нив, поддржувањето на изборниот фалсификат е доказ дека во една држава постои вистинска демократија.