Како го поминав летниот распуст: Урнебесен состав на еден мал Босанец

Писмената задача на едно момче од Босна и Херцеговина која стаса во јавноста стана вистински хит на социјалните мрежи.

Приказната за еден летен одмор, првата љубов и разводот на родителите со кој што момчето мошне лесно се помирува го поделија мислењето на илјадници луѓе на Фејсбук. Босанскиот хумор пронишан со тешката семејна приказна што малиот автор ја претставува лежерно и речиси смирено, блесна во полн сјај. Погледнете ја оваа писмена задача:

Оваа година го поминав со семејството на море. Јас, сестра ми и братот. И татко ми и мајка ми. Исто. Јас одев секое сабајле по леб, а татко ми пиеше напладне во најголемата горештина.

Едно два дена не одев на плажа затоа што од нешто добив  осип. Вториот ден на море тато ја скрши мајка ми пред народот. Никој не се ни сврте. Таков е народот. Мајка ми ни говореше нам децата дека вујче Ибро ќе го скрши тато кога ќе се вратиме. Вујче Ибро е брат на мајка ми. Тој е муслиман како нас.

Се вљубив во Сандра, таа е пола-пола. На мајка ми не и е право поради тоа. Сандра е одлична во училиште. Има големи сини очи. Кога ме бакна, ми се сврте. Дада се набоде на еж. Врескаше два часа. Кога ја однесовме на лекар, тој рече дека не е еж, туку стакло. Ногата и загнои, па моравме назад.

Јас единствено се израдував затоа што вујче Ибро ќе го скрши тато. Затоа што доста беше. Од неговиот. Терор…

Кога си дојдовме дома вујче дојде да се поздравиме затоа што тој се враќаше назад во Америка. Мама не му кажа ништо за тато. Мене ми рече да молчам. Нејќам, вели, душманите да се радуваат. Несака ниту вујче да се грижи. Малку му се грижите. Два пати му пукна чирот. Јас се прашував какви душмани, а таа рече дека никој ионака не ја гледа својата работа туку едвај чека некој хаос. Во соседството. Таков е народот.

Оваа година брат ми тргна во прво одделение. Тој е ист како тато. Првиот ден се степа два пати. Мајка ми плачеше, а тато му купи Тоблероне. Таков е тато, само да е контра на сите. Учителката на брат ми рече дека се препорачува внимание од родителите.

Јас се мислам дека кога вујче Ибро пак ќе се врати од Америка, тато ќе мора да се исели од дома. Мајка ми предаде документи за развод. Сеуште несмее да му каже, но сигурно ќе му каже. А народот нека јаде ла*на. Таа не се омажи поради народот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.