Како големи љубители на џезот, Иванов на Клаус му подарил албум од Четкар

Претседателот Иванов, за време на својата последна посета на Прага, се сретна со поранешниот чешки претседател
Вацлав Клаус, на која му го подари албумот „Heavenly“ од македонскиот џез-музичар Владимир Четкар.

Двајцата претседатели,како љубители на џез-музиката, во август минатата година присуствуваа на настап наВладимир Четкар во Охрид, по отворањето на четвртата Школа за млади лидери, на која поранешниот чешки претседател одржа предавање.

За возврат, претседателот Иванов доби џез-колекција, избор на поранешниот чешки претседател Клаус, направена по повод неговиот 70-ти роденден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.