петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 35

Како Катица Јанева процени дека треба да го ослободи Верушевски ако немала увид во предметот?

zaev-verusevski-janeva-640x296

Последни вести

Откако специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и нејзиниот тим денеска го започнаа увидот за случајот „Пуч“, во јавноста се наметнува прашањето: Како Јанева проценила дека првоосомничениот Зоран Верушевски не треба да биде повеќе во притвор ако претходно немала увид во предметот?

Како што информираше и вчера специјалната јавна обвинителка од денеска нејзиниот тим ќе врши увид во пишаните докази, аудио-визуелни докази како и сите останати списи од предметот.

Од судот го информирале СЈО дека е обезбедена просторија во која ќе може да се изврши увид во доказите, а Јанева вели дека засега се определени четири денови од оваа недела за вршење увид, но сепак добиле уверение дека може да прават увид колку што е потребно.

Она што е симптоматично во целиот овој случај, е тоа како Јанева доколку до сега немала увид во овој предмет, процени дека првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски треба да се брани од слобода, што дополнително фрла сенка врз и така огромниот сомнеж со одлуката за ослободување на Верушевски. Ваквата одлука следеше откако  Јанева без образложение во последните денови од минатата година потврди дека нема да бара продолжување на мерката притвор за обвинетите.

Во јавноста останаа неодговорени прашањата дали Зоран Верушевски објаснил пред судот кој бил чадорот од скајп комуникација, дали Верушевски објаснил на што мислел кога заедно со другите осомничени кога меѓу себе најавуваа граѓанска војна во Македонија по урнек на Украина. Јанева го ослободи Верушевски, а тој не даде никакви одговори.

verus-sonja

Сопругата на Верушевски, Соња, веднаш по барањето за ослободување на нејзиниот сопруг од притвор кое го упати Катица Јанева, наместо на Јанева му се заблагодари на Зоран Заев, со што практично откри дека Заев е нарачателот, а Јанева е само марионета во рацете на Заев која ги исполнува неговите наредби.

-Најголема благодарност упатувам до лидерот на СДСМ г-динот Зоран Заев, напиша Соња Верушевска.

Како првоосомничен во судскиот случај „Пуч“,  Верушевски се товари за сериозни кривични дела, како незаконско прислушување, шпионажа и насилство кон високи државни функционери.

 

Најчитани вести