Како Клуни заврши во кревет со Синди Крафорд?

Оваа анегдоат ја раскажал сопругот на Синди, Ренди Гербер, кој беше еден од кумовите на венчавката на Клуни. Секако, во оваа приказна е вклучена журка со многу текила.

Џорџ Клуни се разбудил во кревет со Синди Крафорд, која го галела по грбот, мислејќи дека тој пред неа е нејзиниот сопруг.

Кога ја видела својата грешка, Синди почнала да вришти.

„Мислела дека ме видела мене како се онесвестувам на креветот во гостинската соба. Легала до мене и почнала да ме гали по грбот. Потоа сум се свртел, само што тоа не сум бил јас. Бил Џорџ“, раскажал Ренди во интервју за Дејли меил.

dzordz-kluni-i-sindi-kraford-1426755261-55765

„Синди викна- О, боже мој!, а потоа и Џорџ вика- О, Боже, дали јас легнав во кревет со тебе?“

Гербер вели дека сите хистерично се смееле поради овој инцидент, бидејќи пијаниот Клуни требало само да преспие кај нив по бурната журка, а не да преспие со неговата жена.

Оваа приказна подоцна станала инспирација за реклама за текила, која ја снимиле двајцата.