Како љубомората може да го подобри вашиот сексуален живот?

Според студијата која е објавена во „Journal of Comparative Psychology“, можеби за вашиот сексуален жевот може да му се заблагодарите на машкиот пријател на вашата девојка, Се прашувате каква врска имаат тие во вашата врска?

Истражувањата укажуваат дека тие всушност несвесно ве тераат да се натпреварувате со нив за да го освоите нејзиното внимание и љубов.

Малку сте љубоморни и сакате да бидете првиот маж во нејзиниот живот и никој не може да ве обвинува за тоа. Всушност, ова може да биде и супер работа, вашата девојка ужива во романтични ситници, а вие имате повеќе секс. Но, постои една „цака“, вашата љубомора може да значи дека исто така да се борите со сомневањето дека таа можеби не ви е верна.

Истражувањето вклучило испитување на 400 мажи кои имале емотивни врски, а требале да одговорат н прашања како: „Колку својата партнерка ја сметаат за атрактивна?, „Колку машки пријатели има таа?, Колку од нив се атрактивни?“…

Резултатите од студијата покажале дека како расте бројот на машки пријатели на вашата девојка, така расте и бројот на секси авантури во вашата врска.

Од друга страна, студијата не истражувала дали девојките повеќе иницирале секс ако мажите имаат полна рака пријателки, но е прилично сигурно дека малата доза на љубомора може да биде совршен зачин во спалната соба.

Немојте да претерувате со љубомората. Идејата е да ја задржите девојката, а не да ја избркате со своите љубоморни испади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.