вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 40

ФОРБС: Како Македонија ја преживеа мигрантската криза, ја зголеми својата економија и ги намами странските инвестиции

Македонија е уште една земја излезена од комунистичкиот блок која бавно, но сигурно чекори по својот пат на пазарните реформи и западниот капитализам. Некои произведувачи од САД веќе ја забележаа оваа земја и отворија свои фабрики. Изборите на 11 декември ќе покажат дека, покрај политички нестабилниот период и криза која ја има Македонија, владеачката партија повторно ќе победи. На некој начин, ни бегалската криза, ни политичкото реми не ја осакатија оваа мала балканска нација од два милиони луѓе.

111940618

Поврзани вести

Разговаравме со поранешниот премиер Никола Груевски, веднаш по неговото службено патување во Вашингтон и Њујорк од 3-7 октомври. Во продолжение следува интервјуто со премиерот на теми како мигрантската криза, како САД полека, но сигурно, се повеќе преместува свои бизниси во оваа земја и што значат поволните корпортативни даноци за оваа земја.

Ако економијата е добра, зошто има толкава невработеност?

Ние невработеноста ја намаливме од 38% на 24%. Невработеноста е проблем, но Владата презеде мерки за да ја поддржи домашната економија, да донесе странски капитал и да направи услови за поволна бизнис клима за да се зголеми вработеноста, но и покрај сево ова, сеуште не сме задоволни со моменталната ситуација. Ниските даноци се клучен фактор сега. Тоа е тоа што ги тера корпоративните инвеститори да не погледнат од близу кога ќе се решат да го прошират својот бизнис. Ние исто така го намаливме ДДВ-то во неколку сектори од 18% на 5%. Ова само е капка во океанот меѓу другите работи кои беа направени за да ја оддржиме Македонија за време на политичката криза. Даночните стапки се главни за интересот што го има оваа држава.

Инвеститорите ги сакаат ББ-кредитите, но опозицијата вели дека новиот предлог-буџет се заканува на ваквиот економскиот рејтинг.

Буџетот за 2017 година е базиран на прокција од 3% раст на БДП. Сметам дека тоа е реална проекција бидејќи во себе инкорпорира поспор глобален раст, непознатите ефекти од Брегзит и резолуцијата со која ќе се стави крај на кризата по декември. Капиталните инвестиции се планирани да достигнат рекордни суми, но приоритет е даден на фискалната политика, важни инвестиции во инфраструктурата и социјални програми како едукација и здравство за кои сите се сложија дека ни се важни. Се сомневам дека оваа политика ќе биде дискредитирана.

Како технолошко-производните даночни слободни зони помогнаа за време на овие двојни кризи со бегалци од Азија и Африка и скандалот со прислушкувањето?

Овие слободни економски зони во 2015 година беа околу милијарда и половина евра на пазарот, што е 36% од нашата извозна вредност, што го прави многу важни за нас и го прави извозот од Македонија многу привлечен. Последните информации што ги имам се од јануари до септември и тие велат дека извозот е зголемен за 19.2% во споредба за истиот период од минатата година. Компаниите во овие зони го ситмулираат развитокот на локалната економија и создадоа промени во структурата на тоа што ние извезуваме како држава. Речиси пред шест години, во 2009 година, ние остварувавме извос од некои 1.5 милијарди евра, а оваа година очекуваме тој да порасне на две милијарди евра. Компаниите кои градат и работат во овие слободни економски зони имаат ослободување од персоналниот данок и корпоративните даноци за 10 години. Покрај ова не наплаќаме за градежни дозволи.

Компаниите на САД се селат тука заради даночната стапка. Кои се некои од последните компании кои се решија да инвестираат во Македонија?

Корпорациски инвестиции од САД во главно ни доаѓаат од автомобилската индустрија. Џонсонс Контролс изгради две фабрики во Македонија во 2015 година, за време на кризата. Кемет Електроникс од Јужна Каролина е исто така активен во Македонија и имаат објекти во Скопје. Киј Сејфти Систем, компанија од Мичиген што произведува воздушни перничиња за автомобилите започна со работа во слободната економска зона на Кичево. Амфенол од Масачусетс имаат две браунфилд инвестиции и повторно инвестираа во гриндфилд инвестиција во истата зона.

Топ три трговски партнери денес?

Најважните за Македонија за оваа година се Германија и Обединетото Кралство. Има неколку германски и британски инвестиции во Македонија кои водат кон ова. На третото место е Србија. Италија, Шпанија и САД се веднаш зад неа.

1-lear

Како Русија, Кина и САД севклопуваат?

Ние сме мала земја и треба да бидеме отворени за инвестиции од сите оние кои сакаат да имаат бизнис кај нас. Од корпоративни инвеститори од САД во моментов, парите доаѓаат претежно од автомобилската индустрија. Кина има фонд за инвестирање во централно и источно европски земји и некои од тие пари веќе се планираат за изградба на автопати. Што се однесува до Русија, таму извезуваме земјоделски производи и генерички лекови. И се разбира, увезуваме руска нафта и гас.

Македонија беше под притисок во текот на мигрантската криза. Каква е ситуацијата денес?

Имаме два милиони луѓе соочени со проблемот на миграцијата, од почетокот на кризата на миграција во летото 2014 година досега, транзитираа над 1 милион луѓе кои доаѓаат од Турција и преку Грција обидувајќи се да стигнат до ЕУ. Тоа беше многу сериозен проблем за нас, бидејќи ние не сме нивната крајна дестинација. Тие продолжија да доаѓаат и моравме да се погрижиме за тоа. Моментално, веќе не постои начин мигрантите да транзитираат долж Западната Балканска рута во Грција, а тоа вклучува и минување низ Македонија.

Кој е економскиот импакт од мигрантската криза. Се смирува ли кризата?

Ние имавме значителни трошоци при справување со предизвиците на мигрантската криза. Немаше сериозна или значителна помош од странство. Македонија се соочува со последиците од овој глобален проблем; проблем кој ние не го создадовме. Јас не знам дали кризата се смирува.Единствено трајно решение е да се постигне мир, политичка и економска стабилност во земјата, од каде што доаѓаат овие мигранти.

Од каде доѓаат поголемиот дел од мигрантите кои Македонија ја користат како пат кон ЕУ?

Од секаде од Блискиот Исток и Северна Африка, но во септември оние кои што се обидуваа да ја преминат македонско-грчката граница и легално, биле главно од Авганистан, Сирија и потоа Пакистан. Од овие земји најмногу доаѓаат. Остатокот се главно од Северна Африка и Ирак.

Што е следно за Македонија?

Следуваат избори во декември. Да, минвме низ лоша криза. Таа не е сосема завршена. Но, ние не се откажуваме од работата со бизнис за едницата. Нашата економија се’ уште расте. Ние не го изгубиме нашиот кредитен рејтинг и ќе се обидеме да го заштитиме тој рејтинг. Убедивме неколку нови компании да почнат бизнис план и да инвестираат воМакедонија. Нема да биде совршено, но мислам дека земјата се движи во подобра насока сега. Ајде да видиме што ќе кажат гласачите.

Извор: Форбс

 

Најчитани вести