Како Македонија може да се пласира на Олимпијадата во Рио

Светското првенство кое денес влегува во елиминационата фаза е само првиот филтер кој ќе ги даде учесниците на машкиот ракометен турнир на летните Олимписки игри во Рио де Жанерио во 2016 година.

Само организаторот Бразил има сигурно место, а останатите 11 селекции ќе бидат познати најдоцна до април 2016 година. Две недели подоцна ќе биде извршена ждрепката за турнирот, во кој селекциите ќе бидат распределени во две групи по шест селекции.

Уште в недела на Бразил, ќе му се придружи светскиот првак од Доха, а до крајот на годината олимписките игри ќе ги осигураат и победникот на Пан-американските игри во Торонто и азискиот квалификационен турнир, кој исто така ќе се одржи во Катар. Уште два континенти ќе ги добијат своите победници, но на почетокот на 2016 година. Европското првенство во Полска и афричкиот шампионат во Египет, ќе ги дадат петтиот и шестиот сигурен учесник. За останатите шест слободни места ќе се борат 12 репрезентации поделени во три групи по 4 селекции. Најдобрите од секоја од трите групи кои ќе играат секој со секого, ќе настапат на Олимпијадата. Тие 12 места ќе произлезат преку овој мундијал (пласираните од 2-7 место), по едно место од континенталните првенства во Европа, Африка, Азија и Пан-Америка, со тоа што најдобрите два континенти ќе добијат уште по едно место.

Тоа скоро сигурно ќе бидат Европа и (Африка или Пан-Америка). Со други зборови на Олимписки квалификации, конректно нашата репрезентација може да отиде на два начини: со пласман од 1-7 место во Доха или преку европското првенство во Доха, ако обезбеди трет најдобар пласман од селекциите кои не се квалификувале преку овој мундијал. Олимписките квалификации ќе се играат на сите континенти со домаќинство кое ќе го одреди IHF. Многу појасно ќе биде ако попладнево се радуваме против Словенија.

lazarovkiril7.com