вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 32

Како Миранда Кер ја одржува совршената линија?

Потребно е многу труд за да имате тело како Миранда Кер. Тоа не е никакво изненадување. Почнувајќи од нејзината секојдневна посветеност на јога па се до строгата диета што подразбира целосно исфрлање на шеќери од исхраната. Еве ги навиките на оваа супер моделка што и’ помагаат да ја одржи совршената линија.

miranda-ker-kais-naslovna

Поврзани вести

Потребно е многу труд за да имате тело како Миранда Кер. Тоа не е никакво изненадување. Почнувајќи од нејзината секојдневна посветеност на јога па се до строгата диета што подразбира целосно исфрлање на шеќери од исхраната. Еве ги навиките на оваа супер моделка што и’ помагаат да ја одржи совршената линија.

Појадок

Миранда Кер минатата година за австралискиот Вог изјави дека денот го започнува со топла вода со лимон заедно со зелен џус што се состои од кел, спанаќ, краставица и целер, пред да јаде јајца или авокадо со безглутенски тост. По ова конзумира чиа семе, гоџи бобинки и кремаст пијалок (смути) од сирово какао, неколку часа подоцна. Повремено Кер користи протеински шејк од јајца со авокадо, кисела зелка, морска сол и масло од макадамија ореви.

Ручек

Ручекот на Миранда Кер воглавно се состои од пилешко на скара и салата. Нејзиниот поранешен тренер Џастин Гелбранд, изјави дека неговите модели најчесто јадат пилешко или салата со риба за ручек, а овошје потоа.

Вечера

Гелбранд препорачува сашими со кафеав ориз како одличен избор за вечера, а исто така советува да се избегнува сојата и наместо тоа да се конзумира пилешко, риба, мисиркино месо и зеленчук. Вообичаената вечера на Миранда се состои од киноа салата со пилешко и кокосово масло и куркума, со спанаќ и салата од ореви. Исто така, таа се труди да избегнува шеќер и производи од пченица.

Најчитани вести