Како Младата Месечина влијае врз нас

Вечерва ако погледнете на небото ќе видите Млада Месечина. Прочитајте како Младата Месечина влијае врз нас.

Од 4-ти јули Младата Месечина е во соѕвездието Рак. Тоа значи дека во следните 14 дена можете слободно на сите да им кажете што мислите и што чувствувате, особено ако сакате некому да му изјавите љубов.

Исто така, наредните денови се идеални за семејството, за дружење во кругот на најблиските, за заеднички патувања.

Ако некој ве изнервирал во минатото сега слободно проговорете за тоа, затоа што нема да ви замерат. Пред нас е период кога се носат одлуки од срце, а не со глава и тоа треба да го имате во предвид.

Исто така, ако сте планирале да го уредувате домот, да реновирате, да вложите во нов мебел, во покуќнина, сега е одличен период за тоа.

Ако деновиве се вљубите, ако запознаете некоја интересна личност, големи се шансите дека тоа ќе биде долга и убава враска, што може да прерасне во брак.

Што се однесува до здравјето, внимавајте што јадете. Сега не е време да започнете диета, но ако сакате да качите некој килограм, сметајте на тоа.

На работното место очекувајте успех, особено ако сега почнувате да реализирате нови планови. Само напред, храбро.