Како обичните жени се гледаат себе по Фотошоп

Сите добро ги знаеме ретушираните тела на познати манекенки кои со помош на Фотошоп изгледаат како вистински убавици од некој друг свет како ги красат насловните на бројните магазини.

Иако се совршени тие и понатаму поминуваат низ „дигиталното преобразување“ за да може да се сокријат и најмалите несовршености на нивните тела.

Но, можеби за манекенките таа преобразба е нешто сосема нормално и дел од работата, но за обичните жени тоа знае да биде вистински шок.