Како ова да ви биде најуспешна година досега?

Како конечно да ги остварите вашите цели за оваа година. Овој месец, Натали Мекнил, позната бизнисменка и предузимач ве советува како ова да биде најуспешната година за вас досега. Како што вели таа, вашите цели и планови се во толкава мера добри колку што е голема вашата мотивација за да ги остварите. Ако не уживате во процесот додека се борите за вашиот сон, најверојатно никогаш нема да го остварите.

За среќа, постои начин за да ги остварите вашите цели на начин што е едноставен, природен и возбудлив. Мекнил го споделува нејзиниот начин на остварување на целите што е мошне едноставен процес во пет чекори.

  1. Направете шема со вашите 5 покрупни цели

Кога размислувате за вашите цели годинава, немојте само да размислувате за следбениците на социјалните мрежи или пак за даночните олеснувања (иако и тие се мошне значајни за вашиот бизнис). Наместо тоа, размислувајте за вашата идеална иднина и за вашите страсти. Како би изгледал вашиот совршен работен ден и кои цели би ви помогнале за да го остварите. Што сакате да правите? Кои идеи и што ве развеселува? Кога ќе најдете одговор на овие прашања, ќе бидете во можност да ги зацртате целите што всушност уживате да ги остварувате. Ако ви треба вистинска насока, еве за пример неколку поголеми цели: Конечно ќе се обидам да ја објавам мојата книга, ќе ги подобрам моите фотографии за повеќе посети на Инстаграм, ќе ангажирам асистент и ќе се ослободам од дел од обврските, ќе ги подобрам содржините на мојот блог и ќе го зголемам бројот на посетители итн.

  1. Разбијте ги тие пет цели во пет помали чекори

Покрупните цели може да бидат и возбудливи и напорни и ако не сме внимателни лесно може да го загубиме вниманието. Најверојатно ќе постигнеме напредок (и ќе останеме мотивирани) ако ги разбиеме тие пет важни цели во мали чекори. Така ако целта ви е да нпаравите редизајн на вашата веб страница, разбиете го тоа на помали чекори од типот: да се направи таблица со најдобрите веб страници, дознајте кој ги дизајнирал тие веб страници, дали се достапни луѓето што ги правеле страниците….

  1. Ставете ги тие мали 5 чекори на календар

Откако ги поделивте вашите цели во неколку чекори, запишете ги некаде за да не заборавите. Ставете ги на календар и ставете си потсетници.

  1. Направете визуелен потсетник за овие чекори

    Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.