Како подмладува хијалуронската киселина?!

Хијалуронската киселина стана препознатлив препарат за подобрување на изгледот и квалитетот на кожата. Оваа супстанца е составен дел на нашата меѓуклеточна течност, се наоѓа во кожата, структурите на окото, обвивките на зглобовите.

Молекулата на хијалуронската киселина кај сите живи суштества е иста. Токму поради тоа молекулата која ја создаваат инсектите се користи за подмладување а при тоа не предизвикува алергиска реакција.

19550853_10210825076638003_1084519459_n-300x290

Хијалуронската киселина е средство кое најсилно се врзува за водата, односно, еден грам хијалурон може да врзе до шест литри вода. Кога е во природна состојба се користи само при мезотерапија и хидратација на кожата, бидејќи трајноста ѝ е само три дена.

За трајноста да биде шест месеци или година дена потребно е молекулите да се врзат меѓу себе (да се вкрстат). Со вкрстување на молекулите се добива различна густина на гелот  кој се вбризгува.

Со стареењето кожата станува тенка и дехидрирана. Количеството колаген и еластин се намалува а образите стануваат избраздени. Хијалуронската киселина со мала вискозност може да помогне да се подобри состојбата. Во текот на седум дена молекулите на хијалуронот се врзуваат со молекулите на водата, а кожата станува хидрирана и сјајна.

Процедурата се повторува еднаш месечно во текот на три месеца, а потоа уште еднаш после шест месеци. Добиениот ефект трае и до две години.

Целата површина на кожата се полни со мали депоа на хијалурон. Така кожата добива дополнителна влажност и волумен, а со текот на времето се синтетизираат и дополнителни количества на колаген и еластин.

hyaluronic-acid-11-638

Ова е третман кој е прилагоден за хидратација на целата површина на лицето, вратот, деколтето и дланките. Третманот се спроведува со вбризгување на хијалуронот во кожата со голем број на мали убоди. Процедурата е непријатна само доколку кожата претходно не се анестезира со посебен крем кој содржи локален анестетик.

Ефектот е видлив веднаш после третманот и не може ефикасно да се спроведе на друг начин. Дури и кожата која изгледа како свиткан лист од хартија, за која се мисли дека не постои метод со која би можело да и се помогне, веќе после првиот третман е видливо подобрена.

Кога хијалуронот се користи за пополнување на длабоки брчки или обликување на јаболчниците и усните, густината на молекулите е многу поголема а вбризгувањето е подлабоко. Тогаш за оваа супстанца зборуваме како за филер. Хијалуронската киселина е единствен безбеден филер доколку се употребува на адекватен начин.

Повторување на третманот е на годишно ниво и овозможува значително одложување на хируршките процедури.
Третманите со хијалуронска киселина можат да се комбинираат со процедурите ботокс или хемиски пилинг. Ласерските третмани не се препорачуваат бидејќи интензивното загревање на кожата доведува до побрза ресорпција на хијалуронот.

 

18579398_10210487483558387_1805989659_nУпотребата на хијалуронот во козметологијата е безбедна метода со висок процент на задоволни пациенти.

Несаканите реакции варираат и се сведуваат на краткотрајна преосетливост, појава на модринки, благ оток и минимални оштетувања на кожата од убодот на иглата.

Кај особи со честа појава на херпес постои можност за активирање на инфекцијата при пополнување на усни. Алергиските реакции се сведуваат на појава на црвенило на местото на вбризгување кое трае до две седмици.

Отокот го снемува после неколку дена и карактеристичен е само за пределот на усните. Модринките се последица на влегувањето на иглата во капилар и се со големина до 5 мм.

Останати несакани ефекти се последица на неадекватното користење на хијалуронската киселина.

Некои хијалуронски филери содржат адитиви кои би требало да им го продолжат дејството, што е најчесто случај со полутрајните и трајните филери, но во многу случаи се одговорни за создавање на грануломи. Грануломот го создава организмот кога не го препознава имплантираниот материјал како свој, па против него се бори обвиткувајќи го со фиброзно ткиво. Грануломите можат палпаторно да се осетат под кожата но често можат да се видат и со голо око. Токму поради тоа во рамките на anti aging не се користат полутрајните и трајните филери бидејќи задачата е јасна :пред се подмладување на кожата со цел да и се овозможи здрав изглед.

Квалитетниот хијалурон постепено се губи бидејќи претрпува изоволемиска деградација, а кожата ја остава здрава, длабински хидрирана и свежа.

За работа со хијалурон неопходно е искуство.Но, доколку се претера, постои решение во ензимот хијалуронидаза кој го забрзува разградувањето на хијалуронот, но во повеќето случаи е доволно да се почека неколку дена или да се реши евентуалниот проблем со масажа или ултразвук.

Третманот на подмладување со хијалурон трае околу 30 минути.

HTB1Zy8LLFXXXXbAXXXXq6xXFXXXm

Примената на хијалуронот е најчеста при:
-израмнување на длабоки брчки со вбризгување на хијалуронски филер директно во брчката,
-пополнување на усни, подмладување без зголемување или корекција на асиметријата на усните,
-превенција при создавање на брчки и одржување на хидробалансот на кожата на лицето,
-лифтинг на лице со вбризгивање на филери со различна густина во различни слоеви на кожата (liquid lift),
-корекција на линијата на носот,
-зголемување на јаболчниците,
-пополнување и корекција на подочниците,
-подмладување на дланките,
-подмладување на кожата на деколтето.

Сите наведени процедури успешно ги извршуваме во Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.