среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 24

Како до подобар секс?

секс

Последни вести

Бакнувањето ја продлабочува врската, а сексуалната рутина може да ja разбијат жешките игри во кујна, машината за перење или скалите, додека плановите за секс може да ја разбудат страста

Бакнување

Во оживувањето на страстите помага бакнувањето кое ја продлабочува врската и чувството на интимност. Што подолго се заедно, тоа поретко партнерите се бакнуваат, а тоа се повеќе ги оддалечува еден од друг. За подобрување на односите доволни се две минути сочни бакнежи на ден.

Надвор од зоната на комфорот

Двојките само треба да излезат од зоната на комфорот и да испробаат секс во сите делови од домот, било да се работи за кујна, скали или купатило. Најдобро е да се ограничи сексот на брзина на неколку миниту и да се распламтат страстите на машината за перење чиишто вибрации ќе донесат повеќе страст. Искористете го и топло-ладниот туш кој ќе ги разбуди сите сетила. Искористете ја и кујната за слатки уживања.

Играчки

Сексуалната ритуна можат да ја разбијат и интересни игрички. Двојките треба да се договорат кој кога е на ред да смислува секси пози, играње на одредени улоги и покер на соблекување. Тоа ќе ги натера повеќе да се трудат и секој ден да бидат се покреативни. Ако се плашите дека на партнерот нема да му се допаднат вашите идеи, напишете ги на лист бела хартија и нека каже што доаѓа предвид, а што не.

Најчитани вести