Економија

Како помина месец ноември за Македонската берза?

Како помина месец ноември за Македонската берза?

Вкупно 126 трансакции, во тој период, се направени со акциите на фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, додека со оние на „Комерцијална банка“ биле реализирани 73 трансакции, а 69 со хартиите од вредност на „Макпетрол“.

Најголем пораст на акциите, во тој период, забележаа оние на „Фершпед“ со скок од 10,79 отсто, потоа хартиите од вредност на „Пелистерка“ со пораст од 3,50 отсто и на „Македонија турист“ со 3,38 отсто.

„Губитници“ на Берзата во ноември се „Агро Куманово“ чии акции забележаа пад од 25 отсто, потоа следат акциите на „Уни банка“, кои што завршија со 24,79 отсто во минус, а на трето место се оние на „Арцелормиттал“ со пад од 23,08 отсто.

Вкупната пазарна капитализација во ноември изнесува 101 милијарда 600 милиони 172 илјади и 173 денари, што е пад од 5,11 отсто. Пад од 3,73 отсто е забележан кај вкупниот промет, а намалување од 16,83 отсто е регистрирано во вкупниот број на трансакции на Берзата.

Во црвено заврши и индексот МБИ10 со пад од 1,68 отсто.