Како помрачувањето на Месечината ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Помрачувањето на Месечината ќе се случи на 23. март. Погледнете како ќе е манифестира врз вашиот хороскопски знак…

Овен

Внимателно слушајте и анализирајте ја вашата околина. Вистината во врска со вашите клучни односи во животот, ќе исплива на површина, а резултатите ќе ви донесат олеснување и јаснотија. Конечно ќе ставите точка на односите кои не ве чинат среќни.

Бик

Неочекувани гости ќе ве посетат наскоро. Воглавно сте смирени, освен кога нешто не ве исфрли од рамнотежа. Токму тоа ќе го стори помрачувањето на Месечината – потполно ќе го промените погледот кон светот што ќе предизвика и појава на нови луѓе во вашиот живот.

Близнаци

Помрачувањето ќе влијае врз вашиот љубовен живот. Ќе ја добиете потребната поддршка од Месечината за да разјасните одредени односи од минатото и најпосле ќе бидете подготвени некому да му се посветите во потполност.

Рак

Многу се трудите да ја избегнете суровата реалност и да создадете дом преполн со љубов и почит. Заедно со сјајната Месечина ќе ви се укаже и работна понуда од соништата, престижно место на кое ќе можете да ја искажете својата креативност.

Лав

Голема е веројатноста дека во наредниот период ќе потпишете некој важен договор. Можно е тоа да се одрази врз работата, но не е исклучена ноту можноста за брак. Ќе го обновите контактот со роднините што може да доведе до некои важни промени во вашиот живот.

Девица

Дали сте сигурни дека во потполност сте ја оставиле поранешната љубов? Можеби ова е идеален период да го сторите тоа. Секој ден се менувате, односно се откривате себеси, што на вашиот партнер не му годи. За да станете најдобрата верзија од себе, мора да се ослободите од негативната енергија. Доколку некој друг ви паднал в око, ова е вистинскиот момент да го направите првиот чекор.

Вага

Помрачувањето ви носи финансиска стабилност. Овој пат инвестирајте во паметни одлуки и ослободете се од осудата на опкружувањто. Ви се смешка пријатна и стабилна иднина, па време е конечно да е опуштите и да си дадете оддишка.

Скорпија

Сакате да направите нешто значајно во својот живот. Без разлика дали тоа е прекинување на стари навики или промена на партнерот, ова е период кој е клучен во вашиот живот. Помрачувањето ќе стори светот да го гледате на многу поотворен начин, па така и вашето однесување кон луѓето знчително ќе се промени.

Стрелец

Оваа година ќе носите правилни одлуки и ќе се насочите кон работни цели. Незадоволството кое можеби го чувствувате е последица на кариерата која ве заштити. Размислете за талентите кои ги поседувате и можноста за промена на професијата.

Јарец

Кариерата не ви беше на јака страна, меѓутоа по 23. март ќе се смени правецот.  Можност за престижна позиција е на висик, единствено треба да размислите дали та позиција ќе ве направи среќни. Доколку не се гледате како дел од такво опкружување не ја прифаќајте понудата.

Водолија

Ќе добиете огромна поддршка од личност која ја сметате за добар пријател и можеби меѓу вас ќе се оздаде нешто повеќе од тоа. Би требало да размислите за работа во медиумие, ако пишување блогови, веб новинарство или радио.

Риби

Месечината ви носи неочекувани трошоци кои ви се таложеле во текот на претходните две години. Сепак, немојте да очајувате, на работен план ви стои обновување на контактите со поранешен работодавач. Ова е идеален период за враќање на работата која секогаш за вас била исплатлива.